Радовиш

Благодарност до целиот медицински персонал од Здравствен дом Радовиш, кој го издржа притисокот за време на ковид пандемијата

Младите лекари специјализанти кој во изминатиот период пожртвувано работеа во Ковид амбулантата и во Итната медицинска помош во Здравствениот дом во Радовиш, од утре се враќаат на своите специјализации, информира директорктата д-р. Лимонка Илиевска.

Тие несебично  се бореа за секој човечки живот кој беше загрозен од корона вирусот, во текот на пандемијата, а пациентите во своите најтешки моменти, гледаа спас во нив.

Од здравствениот дом во Радовиш изразуваат голема благодарност до целиот тим лекари и сестри,  кој секојдневно, неуморно им помагаше на пацинетите да се справаат со вирусот.

„Почитувани граѓани , значително е намален бројот на ковид позитивни пациенти во нашата општина. Искрено се надеваме дека нашиот медицински персонал успеа да одговори професионално на задачата, и да го издржи притисокот целиот овој период за време на ковид пандемијата. Голема благодарност на целиот тим“ стои во известувањето од ЈЗУ Здравствен дом, Радовиш.

Младите лекари продолжуваат по својот пат, но тука се секогаш да помогнат на своите сограѓани кога е потребно.

Инаку според денешниот извештај во Радовиш нема нови случаи на Ковид -19, а има околу триесетина активни случаи, чии број секојдневно се намалува.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago