Во моментов во земјата има вкупно 230.000
вакцини за ревакцинација, а за прва доза се трошат последните 10.000, информираше
денеска министерот за здравство, Венко Филипче, но веќе од наредната недела се очекуваат 20.000
вакцини донација од Грција и 50.000 вакцини што ќе ги донира Бугарија.
Во однос на
македонските граѓани што се вакцинираа во Србија, Филипче кажа дека оттаму не
можат да се извезат вакцините „Астразенека“ за ревакцинација, па овде ќе се
обезбедат одредени количини од таа вакцина за ревакцинирање на лица над 60
години.
„Граѓаните над 60
години кои првата доза ја примиле во Србија а сакаат да се ревакцинираат во
Македонија, ќе можат да се пријавуваат на линк за ревакцинација на веб
платформата „vakcinacija.mk“, со што ќе влезат во нашата евиденција на
вакцинирани, а останатите под 60 години ќе се ревакцинираат во Србија, по што
ќе можат да се пријават кај матичен лекар дека примиле две дози вакцини“, вели Филипче.
Досега, според Филипче,
од Србија не е добиен список на македонски граѓани што се вакцинирале таму.
Инаку, сите сертификати добиени од Србија се валидни исто како и македонскиот
сертификат.
Одговарајќи на
новинарски прашања, Филипче кажа дека во текот на летото ќе се врши евалуација
на сите препораки и ќе се подготвува протокол за подготовка на настава со
физичко присуство. Доколку се реши да се вакцинираат децата од 12 до 16 години,
тој вели дека има количини од „Фајзер“ и ќе се зачува.