Македонија

Вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани во државата

Според здравствените власти вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а според одредении граѓани на пунгтот за вакцинација во Штип вчера немало доволно вакцини. Вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани. Прва доза вакцина  примиле 9.561граѓани.

Вкупно досега се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 390.330 граѓани.

Со последните бројки 44,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 37 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.

Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19. Во Југоистокот нема регистрирано нови случаи но има оздравени пациенти во Струмица 6, во Радовиш 5 и во Богданци 1.  

 Пријавени се вкупно 16 починати лица од кои едно лице од Струмица.

Вкупната бројка на починати  лица во земјата од почетокот на епидемијата е 5.265, а бројот на активни случаи  во моментот изнесува 3.040. Во Радовиш бројот на актвини случаи е 62, во Струмица 85, во Гевгелија 29, во Валандово 6, Богданци  5 и во Дојран без ниту еден активне случај.

Полицискиот час е продолжен до 01 јуни, по што се очекува да попуштат мерките и да биде дозволено организирање на свадби и прослави на отворено со почитување на протоколите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago