Македонија

Претседателот Пендаровски прими вакцина против Ковид-19

Претседателот Стево Пендаровски  денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ  “Перо Наков”, прими вакцина против Ковид-19. Во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од  Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да  ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација. 

„Термин за вакцинирање јас добив за вчера, меѓутоа бевме на еден службен пат кој беше одамна закажан, бевме и на регионален собир. Одлучив да се вакцинирам во друг град бидејќи има шпекулации, дезинформации наводно дека едни вакцини се даваат во Скопје, други вакцини се даваат во други градови. Затоа е добро да ја разбиеме таа шпекулација, мислам дека е добро и за другите, и за останатите што се на функција да го направат сличното. Јас сакам, на 8.06 кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж. Треба што побрзо да го направат тој чин затоа што е добро што побрзо да се вратиме во нормала и во приватните животи и во она што е професија“, рече меѓу другото во изјавата по вакцинирањето претседателот Пендаровски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago