Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во Радовиш, одбележани 118 години од смртта на великанот Гоце Делчев
Со Положување на свежо цвеќе на спомен обележјето посветено на великанот и револуционер Гоце Делчев, денеска во Радовиш беше одбележана 118 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев.
Традиционалниот начин на
чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за
независна и слободна Македонија Гоце
Делчев беше во органзиација на Сојузот на борците и Општина Радовиш а цвеќе
положија и политичките партии од Радовиш.
На споменикот на Гоце Делчев во Паркот на
младите, свежо цвеќе положија делегација од Општина Радовиш, делегација од
Советот на Општина Радовиш, делегација од Сојузот на борците, делегација од
ЗПОРК, делегација од СДСМ, делегација од ОК- ВМРО ДПМНЕ и останати делегации .
Визионерот кој пред повеќе од еден
век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4
февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал
во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во
Штип,
По убиството на 04 мај 1903 година, неговите посмртни останки првин се чувале во
Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До
1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките
на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во
Скопје.