Рудникот Бучим произведува концентрат на бакар што содржи
злато и сребро и, чист катоден бакар.
Вкупното производство на сув бакарен концентрат во 2020
година изнесуваше 28 484 тони (91% во споредба
од 2019 година), што содржи 5 903 тони
бакар (91% во споредба од 2019 година), 448 кг злато (76% во споредба со 2019
година) и 862 кг сребро (92% во споредба со 2019 година).
Фабриката за лужење на Бучим и во текот на 2020 година
работеше ефикасно и постигна производство на 722 тони катоден бакар со квалитет
99,99% (100 % во споредба со 2019 година).
Во изминатата 2020 година, Бучим делуваше во насока на
остварување на своите цели и задачи и оствари позитивен финансиски резултат,
односно добивка пред оданочување во износ од 15 милиони евра (92% во споредба со остварениот
резултат во 2019 година).
Рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република
Северна Македонија во износ од 1,5 милиони евра (92% во споредба со
2019 година).
За концесискиот надоместок за употреба на минерални
суровини за 2020 година, исплатени се 1 милион евра од кои 78% во буџетот на
општина Радовиш и 22% во буџетот на РСМ.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во
2020 година изнесуваше 564 евра (106% во споредба со 2019 година).
Во 2020 година, вкупните
ESG инвестиции
достигна износ од 472 илјади евра.
Квалитетот на воздухот во Бучим се следи на три мерни
станици преку 24-часовни идикативни мерења на PM10
честичките. Во текот на 2020 година, нема забележано надминување на граничните
вредности за квалитет на воздухот.
Рудникот Бучим по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, годинава од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.
Рудникот Бучим и минатата година покажа Општествена одговорност.
Бучим обезбеди поддршка за развојот на културните и
спортските друштва, предучилишните, училишните, културните, јавните и
здравствените институции во општина Радовиш. Рудникот активно се вклучи во борбата
за справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија и покрај
донирањето на заштитна опрема, додели и парични средства на Министерство за
здравство, на здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и на Општинска
организација Црвен Крст во Радовиш.
Во 2020 година, исто така рудникот продолжи да ги
обезбедува со техничка вода околните села Тополница и Бучим. Вкупно, за време
на извештајниот период, за ова намена се испорачаа околу 50 илјади м³ вода.
Рудникот Боров Дол комплетно се посвети на извршување на
сите задачи и успешно ги реализираше поставените планови за претстојното
отпочнување со
работа на рудникот.
Во 2020 година, Боров Дол во потполност ја реализираше изградбата на
технолошките објекти. Завршена е изградбата на транспортната лента, објектот за примарно дробење и затворено
складиште за руда. Инфраструктурните објекти и помошните згради се
релизирани во обем од
95%, со состојба на 31 декември 2020 година.
Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол достигна 69,5 милиони евра.
Боров Дол инвестираше 29,9 милиони евра во набавка на нова
опрема и потроши 19,5 милиони евра за раскривка на рудното рело. Во 2020 година, Боров Дол ги заврши сите градежни работи, кои што
достигнаа вредност од
17,1 милиони евра.
Во 2020
година, Боров Дол продолжи со инвестициската раскривка, при што се
ископани 10 милиони
тони искoпина (12,7 милиони тони во 2019 година).
Вкупните ESG инвестиции во 2020 година изнесуваа 75.400 евра.
Во 2020 година нема пријавено инциденти или сознанија за
загадување на животната средина во концесисикиот простор на
Боров Дол. Компанијата континуирано го следела биодиверзитетот и квалитетот на
животната средина во областа на концесијата. Боров Дол вклучи ревизии и проценки од страна
на независни експерти од областа на животната средина, со
цел да се следат потенцијалните ефекти и да се направат подобри еколошки одлуки за спречување на несаканите
влијанија и подобрување на условите и состојбата со животната средина, како и
осигурување на високо ниво на заштита на животната средина.
Во првото тримесечје од 2021 година, Боров Дол доби
А-Интегрирана еколошка средина, а до крајот на годината компанијата планира да ги
имплементира меѓународните системи за управување со квалитет и управување со животната средина
според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015
Боров Дол како општествено одговорна компанија постави нов систем за греење во
градинката во
општина Конче, осигурувајќи дека се обезбедени сите потребни услови за современ
и безбеден престој на најмладите жители. Набави таблети и обезбеди годишна интернет
конекција за учениците
од социјално загрозените семејства во Конче. Ја поддржа реставрацијата на 200 годишната црква во Радовиш и помогна во реконструкцијата на
локалната патна мрежа во Конче. Боров Дол, исто така обезбеди и заштитни маски и антисептици за
локалните жители, со цел да се намали ризикот од ширењето на Ковид-19 вирусот.
Во текот на 2020 година, во Боров Дол нема пријавено сериозни
повреди или смртни случаи при работа. За време на извештајниот период, вкупно
60 работници, од 101 вработени, беа дел од обуките во областа на безбедноста и
здравјето при работа (БЗР). Компанијата ги изврши сите потребни механички и електрични тестирања на работната опрема и објектите.