Македонија

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да почнува од 21 часот

Еден час покасно ќе започнува полицискиот час од среда. Односно превидено е да почнува од 21 часот навечер и ќе трае до 05 часот изутрина и отворање на летни тераси на угостителски објекти. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести по денешната седница кој ќе биде испратен до Владата.

Според најновите информации одлуката веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб и предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.

Во изминатите три недели во Македонија имаше полициски час од 20 часот, како и целосна забрана за работење на угостителските објекти.

Потоа целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците беше овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга.
-Целосна забрана имаше и за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април годинава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago