Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
Денеска се одбележува Денот на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. По тој повод во Радовиш екипата на ЈП Плаваја заедно со доброволците од Црвениот крст спроведоа акција за уредување на градскиот парк на ридот.
По тој повод градоначалникот Герасим Конзулов Заедно со младите активисти на Црвениот крст засади дрвце како симбол на обновата и заштитата на природата и упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина.
На градскиот парк исто така е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци и нова фонтана. Конзулов апелира до граѓаните да ја чуваат урбаната опрема.
Во рамките на акцијата е предвидено да се чистат пешачките патеки и обраснатата вегетација, посадени се нови садници на дрвја, а старите клупи ќе бидат репарирани.
Голем проблем на општина Радовиш претставуваат и дивите депонии кои
неконтролирано се прават на излезот од градот кон планината Плачковица, за кои
како што рече градоначалникот Конзулов се поставуваат и прегради од земја но
сепак пак се загадува.
Меѓународниот ден на планетата Земја на 22 Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на животната средина и да доведат до промена на еколошката свест.
Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22 април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина во 1992 година.