Македонија

Уште 7 дена полициски час предлага комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести смета дека досегашните рестриктивните мерки кои се во сила даваат резултати и на Главниот координативен кризен штаб му предложи да донесе одлука за продолжување на мерките. Одлуката ќе ја носи Владата на утрешната седница.

 Кризниот штаб го прифати предлогот и донесе одлука да ѝ предложи на Владата мерките да се продолжат за уште седум дена, по што состојбите со епидемијата повторно би биле разгледани.

Полицискиот час во траење од 21 до 5 часот и неработењето на угостителските објекти ќе останат во сила доколку Владата утре донесе таква одлука. За после една недела се размислува угостителските објекти да можат да примаат гости само на отворен дел.

При намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала).

Инаку мерката за воведување полициски час од 20 часот до 05 часот наутро беше донесена на 6 април и требаше да трае до утре 20 април. Но според она што го оценила комисијата за заразни билести таа ќе биде продолжена за уште една седмица, до 27 април.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago