Во
тек е повикот за доделување на финансиска поддршка во земјоделството за 2021
година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски со
пристапување на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk
во делот е-Барање.
Аплицирањето
за добивање на финансиска поддршка во земјоделството започна на 5 април. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај годинава.
Барањата за мерките за растително
производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во
Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата пак за сточарско
производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во
ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањето.
Земјоделците пред да поднесат барања за субвенции потребно е да ги ажурираат податоците со цел да имаат точни и целосни
информации во сите системи од каде Агенцијата ги презема податоците, а кои се важен
сегмент за стекнување на право за добивање на субвенции. Потоа може преку
пристапувње на веб-страницата на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за
субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ –
е-барање, информираат од АФПЗРР.
Оние земјоделци кои не знаат сами
да поднесат барања, или имаат потреба од помош при создавање на електронски
барања, можат да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ.“.
Според постапката за аплицирење, по електронското
поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат 2 примерока и истите да
ги потпишат своерачно, по што еден примерок треба да достават до АФПЗРР, а вработените во Подрачните, се должни да им
помогнат на апликантите ако тие побараат помош.
Доколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст,
впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена заради
несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да го
изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување на истото.
Инаку за
непречено извршување на тековните земјоделски активности, за земјоделците е направен исклучок
од воведената забрана и посебен режим на движење.