Денеска се одбележува 7 Април, Светскиот ден на здравјето, втора година по ред во услови на пандемија
Денеска се одбележува 7 Април Светскиот ден на здравјето, втора година по ред во услови на пандемија. “Здравјето е право а не привилегија” е мотото под кое оваа година СЗО го одбележува Светскиот ден на здравјето.
Инаку во ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш
секоја година со повеќе активности го одбележуваше овој ден, со бесплатни акции
за мерење на шеќер во крвта, со прием на здравствениот персонал и деловни
соработници и доделување на благодарници и признанија. Годинава како и минатата
година овој ден е посветен на справување со Корона вирусот и почитување на
мерките и препораките за заштита.
Директорката на Здравствениот дом од
Радовиш д-р Лимонка Илиевска, со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и
препораките за заштита од Корона вирус, да си го заштитат своето здравје а со
тоа и да му помогнат на медицинскиот персонал кој неуморно се бори за да спаси
нечиј живот.
„ЈЗУ Здравствен дом
Радовиш во услови на пандемија , Светскиот ден на здравството го одбележува
работно. Активно работат здравствените работници
во пунктот за тестирање, пунктот за вакцинирање и Ковид амбуланта. Време е да изградиме подобро и поздраво општество за секој и
секаде. Голема благодарност за
сите Херои од првите борбени редови! вели
диркторката на Здравствен дом Радовиш
д-р Илиевска.
По
повод 7 Април СВЕТСКИ
ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО со благодарност до здравствените работници и апел до
граѓаните се обрати и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
“Здравјето е право а не
привилегија” е мотото под кое оваа година СЗО го одбележува Светскиот ден
на здравјето.
Би сакал на сите лекари и здравствени
работници да им се заблагодарам за херојската посветеност во борбата против
пандемијата и да упатам апел до Вас почитувани граѓани:
Да покажеме дека знаеме да го вреднуваме
трудот на медицинските работници! Внимавајте на вашето здравје, заштитете ги
своите најблиски, почитувајте ги мерките за заштита!“
вели Конзулов во своето обраќање.
Инаку годинава на одбележувањето на
денот на здравјето, сликата во Здравствениот дом во Радовиш како и во целата држава е наместо со насмеани
лица на граѓаните и здравсвените работници, со лица на кои се гледа страв и
неизвесност, со чекање ред за
тестирање, чекање ред за терапија пред
Ковид – амбулантата, вакцинирање на
граѓаните постари од 77 години и вакцинирање на медицинскиот персонал. Годинава овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот и борбата против пандемијата.