Православните христијани денеска го празнуваат празникот Свето Благовештение, познат меѓу верниците и како Благовец, празник на радосната вест и на пролетната убавина.
Свето Благовештение е
Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. На овој ден
Господ Исус Христос се воплотил – зачнал и Марија ја добила благата вест дека ќе го роди
спасителот. Годинава по втор пат Благовец се празнува во услови на пандемија,
но тоа не ги спречи верниците да присуствуват на Божествената литургија во
Црковниот храм Света Троица во Радовиш.
Благовец е секогаш на 7 април Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници. Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум девет месеци пред Божиќ.
Овој ден се смета и за ден
на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои
зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата
и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и
внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и
радости.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците
преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, славејот. Се верува дека тие ќе
дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Голем грев е тие што го слават Благовец денеска да принесат мрсна трпеза со месо, бидејки се во тек велигденските пости.