Општина Радовиш со цел да ја зачува животната средина и јавна чистота, го објави системот Е-ОПШТИНА- ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ и телефонските броеви на општинските службеници на кој што можат граѓаните да пријават проблем.
„Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок“, стои во објавата од Општина Радовиш.
Од листата на проблеми во менито на системот граѓанинот одбира проблем кој сака да го пријави. Во пријавата ја наведува точната адреса (улица и број) или поблиску ја опишува локацијата на која треба да се изврши интервенција.
„Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме“, велат од општината.
Општина Радовиш ги објави и телефонските броеви на кој граѓаните може да пријават комунален проблем кај општинските службеници. Исто така, во секое време имаат можност да пријават електронски преку е-формата достапна на линкот: https://radovis.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0…
Што се можете да пријавите од листата:
- Улично осветлување (пријавете дефект на улично осветлување).
- Улици, патишта и тротоари (пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон, пријавете работа на патишта, улици и тротоари).
- Објекти склони на рушење (пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл).
- Урбана опрема (пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови).
- Градба и дива градба (пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект).
- Животна средина (пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води или реки).
- Пријавете долготрајна и честа појава на бучава (од угостителски објекти, работа на машини и постројки).
- Отпад (пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈП Плаваја, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални, локални патишта и во природа.
- Кучиња скитници (пријавете присуство на кучиња и мачки скитници на јавна површина кои се болни и агресивни).
- Јавно зеленило (пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта).
- Гробишта (пријавете скрнавење на надгробни споменици во гробиштата).
- Водовод и канализација (пријавете го секое течење на вода било да е од водовод или канализација).
- Пријавете дефект на водоводна инсталација.
- Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа.
- Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa.
- Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа.
- Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа.
- Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од ЈП Плаваја, Радовиш.
- Сообраќајна сигнализација (пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи).
- Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.