Радовиш

Со детски маскенбал дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“во Радовиш го одбележаа денот на шегата 1 Април

Радосни и насмеани маскирани во своите омилени ликови од бајките и од цртаните филмови, вака денеска дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“во Радовиш го одбележаа денот на шегата 1 Април. Имаше и полицајци, семафори, пеперутки, сонце, зајче  и други  омилени ликови кои биле инспирација за малите дечиња и нејзините родители, кои подготвени од воспитувачките, успешно  се претсавија на денешниот детски маскенбал.

 Со игра и песна, шаренило од бои и креации, дворот на градинката Детско изворче во Радовиш, личење на вистинско детско царство. На радоста и немаше крај, тие гордо ги покажуваа своите маски пред камера, и едниогласно велеа дека денес е „Денот на шегата“.

Вака маскирани и магични го посетија и центарот на Радовиш каде некогаш масовно се одбележуваше овој ден. Традиционално Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април или „Априлијада“ се одбележуваше секоја година. Дечињата и вработените од градинките со нетрпение го очекуваа овој ден, сите маскирани во духот на априлијада радосни и насмеани кажуваа шеги  и одржуваа пригодна програма на плоштадот во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago