Радовиш

ПРВА НАГРАДА за Јана Јованова на големиот интернационален натпревар за млади пијанисти PICCOLO PIANO TALENTS

Во периодот од 26 до 28 март годинава, беше одржан интернационалниот натпревар за млади пијанисти PICCOLO PIANO TALENTS. На овој голем светски натпревар учество земаа вкупно 172 натпреварувачи од 23 земји од светот. Иако се работеше за навистина голема и силна конкуренција, стручното жири одлучи дека младата пијанистка Јана Јованова од Радовиш несомнено заслужува да добие Прва Награда во својата категорија.

На овој натпревар исто така како новитет беше организирано и гласање од страна на публиката. Гласањето се одвиваше во текот на трите дена за времетраењето на натпреварот. На посебна веб страна право на глас имаа сите следачи на натпреварот, но секој можеше да го даде својот глас само еднаш.

На оваа гласање младите пијанисти не беа поделени во категории според возраст туку можеше да се гласа за само еден од сите пријавени 172 натпреварувачи. На огромно изненадување Јана Јованова, според бројот на вкупно добиени гласови од публиката, се најде на високото Трето место, со што уште еднаш се докажа дека гордоста на радовишани – Јана Јованова поседува навистина голем потенцијал и исклучително високи квалитети.

За Јана оваа е прва награда добиена во оваа 2021 година како дел од почетокот на пролетната сезона. Да се надеваме дека во текот и на оваа година таа како и досега ќе продолжи да не радува со нејзините извонредни меѓународни успеси.

Колку само за потсетување, Јана досега има добиено повеќе од 30тина значајни државни и меѓународни награди меѓу кои се и наградите од Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена, Лос Анџелес а претходната 2020 година како Лауреат на руско-американски натпревар доби и официјална покана за свој настап во Карнеги Хол во Њујорк.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago