Радовиш

Во тек на реализација се неколку проекти во Општина Радовиш со кои се подобруват условите на граѓаните

Општина Радовиш во  овој период реализира неколку проекти  со кои се подобруваат условите за живеење на граѓаните. Според градоначалникот  Герасим Конзулов и во ова време на пандемија градежните работи во општината не застануваат и активно се работи на неколку проекти.  

„Продолжува работата на тротоарите на ул. Плачковица во населба Куклевица со што ќе бидат изградени тротоарите од двете страни со бекатон плочки. Се поставуваат бетонски рабници на кракот на ул.Плачковица  со што се доаѓа до последната фаза пред асфалтирање. Се поплочува нова улица во с.Ораовица. Во тек е изградбата на спортското игралиште во с. Подареш. Активно се работи на трите улици со фекална канализација во с. Јаргулица. Се обновува и фасадата на зградата кај Паркот на младите, а се поготвува за асфалтирање и останатиот дел од регионалниот пат кон планината Плачковица, со што овој патен правец целосно ќе биде реконструиран. Ова е само дел од пролетната градежна офанзива во општината“, вели Конзулов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago