Во недела стрелките на часовникот се преместуват еден час понапред, започнува летното сметање на времето
An image of a nice clock with text change your clocks
Во недела на 28 март започнува летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовниците ќе се поместат за една час понапред и во 02 часот наутро, ќе означуваат 03 часот. Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за утврдување на летното сметање на времето кое во 2021 година започнува на 28 март во 02:00 часот.
Инаку, во 2019 година, Европскиот Парламент со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година. Но, одлуката остана кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето. Македонија по се изгледа го следи примерот на останатите европски држави.
Летно сметање на времето или летно време, е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен, во државите на северот во Европа.
И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно денес е практика во 70 земји од Светот.