Гевгелија

Поради зголемениот број на КОВИД-заболени, исполнети капацитетите во Општа болница- Гевгелија

Исполнети се расположливите капацитети во Модуларната КОВИД-болница и адаптираното Невропсихијатриско одделение за болничко лекување на ковид-пациенти во гевгелиската општа болница. Ова го истакна директорот на Општата болница со проширена дејност, д-р Митко Крџев, нагласувајќи ја потребата за создавање услови за дополнително сместување поради влошување на епидемиолошката слика во Гевгелија.

„Во Модуларната КОВИД-болница на лекување се стационирани 14 ковид заболени, колку што има и кревети, а уште девет ковид пациенти се сместени на адаптираното Невропсихијатриско одделение што значи дека раположливиот капацитет од 23 кревети за болничко лекување на ковид заболени е максимално исполнет. Покрај тоа, на дневно лекување моментно имаме по 60 ковид заболени пациенти“, рече д-р Крџев.

            Што се однесува на здравствениот билтен на вработените во болницата, д-р Крџев истакна дека поради заболувањето на голем број медицински сестри, доктори и заболени, постои потреба од прераспоредување на персоналот во моментот во КОВИД-болницата и Итната медицинска помош, додавајќи дека останатите Одделенија во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија работат нормално, со исклучок на Одделението за хирургија, каде што се вршат само итни хирушки зафати.

        „Вакцинирани и ревакцинирани се 13 медицински лица кои се ангажирани во Модуларната КОВИД-болница и Итната медицинска помош, а викендов првата вакцина ја примија уште триесеттина вработени кои по три недели ќе бидат и ревакцинирани. За вакцинирање на останатиот пријавен медицински персонал чекаме насоки од надлежното Министерство“, истакна Крџев.

            Инаку, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на вчерашната седница донесе Одлука со која се продолжува важноста на забраната за движење, почнувајќи од вчера до 6 април, во временскиот период од 22:00 до 05:00 часот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago