Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките
анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки, инфомрира министерот Филипче.
Владата го воведе полицискиот час на 10 март, како резултат на зголемувањето на бројот на новозаразени со корона вирус и пополнувањето
на болничките капацитети.
Целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои
интензивно комуницираат и после затворањето на угостителските објекти, по домови, во паркови и други јавни
површини, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на
вирусот.
Министерот Филипче очекува на
почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена, од кои
ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки, а кои би значеле
евентуално зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на
работата на угостителските објекти.
Како што најавувија од Министерството за здравство досега на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во текот на вчерашниот ден се направени 2.730
тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19, од нив 27 се во Југоистокот:
Струмица 13, Гевгелија 7, Богданци
6 и Радовиш
1.
Пријавени
се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од
Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по
едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино,
Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се
починати во болнички услови.
Вкупната
бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во
државата од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на
оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи
изнесува 15.131.
Сеуште е во тек и вакцинација
против Ковид-19 на здравствените работници. Досега против
Ковид се вакцинирани 6 142 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за
вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.014.
Сто
македонски новинари пак
на барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН), утре
во Врање ќе имаат можност да се вакцинираат против коронавирусот, а потоа и да
се ревакцинираат.