Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата при Советот на Општина Радовиш, со Реакција на вчерашната изјава на директорката на Спортската сала во Радовиш Марија Станковиќ, во однос на неизгласаните Предлог одлуки на седница на Совет за одобрување на финансиски средства од општината.
„На продолжената 53-та седница на советот на општина Радовиш на 10.03.2021 беа разгледани точките кои се однесуваат за спортската сала во Радовиш, а не како што беше пренесено дека седницата била прекината. Сакаме да информираме дека за тие точки беа побарани извештаи за работата и образложение за состојбaта во која се наоѓа спортската сала. Бидејќи сакавме да ја утврдите фактичката состојба, денес нашата советничка група беше во посета на СРЦ и разговаравме со дирeкторката за моменталните проблеми во работењето на истата. Бидејќи никој не ја известил вд директорката дека треба да дојде и да се произнесе по точките, ние ја поканивме на наредната седница да ги образложи проблемите пред сите советници и пред граѓаните за да може да се добие целосна слика зошто се плаќаат огромни суми од џебот на граѓаните за струја и вода. И прашуваме зошто не се заменети рефлекторите со поекономични светилки и не се санираат дефектите со протекување на вода во соблекувалните за да не скапуваат ѕидовите?“, стои во рекацијата од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.