Како што информираат од Владата, за
финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификувале расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да
настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која
што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила
вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата бил периодот 10.03. – 09.07.2020 год.
„Имено,
поддршката од Фондот за силидарност на ЕУ беше
условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5
милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход
(БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во
случајот на РС Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше
достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од
институции/општини изнесуваше 7.670.831 евра“, соопштуваат од Влада.
Во април 2020 год.,
Европската Унија одлучи да го прошири опфатот на Фондот за солидарност на
ЕУ (ФСЕУ) како резултат на кризата настаната со пандемијата од Ковид-19 и
кон земји кои не се членки на Унијата. Искористувањето на средствата од овој
Фонд зависи од исполнувањето на праговите поставени од страна на Европската
Унија во однос на вкупните расходи кои земјата во определен период ги има насочено
за справување со последиците од Ковид-19,
информираат од владината прес -служба .
„Во таа
насока, Секретаријатот за европски прашања подготви Информација за
можноста за користење на Фондот за солидарност
на Европската Унија за справување со финансиското влијание на
Ковид-19 во здравствениот сектор. По обработката на собраните податоци,
доставени од институциите и општините и нивното дополнување со податоци за
склучени договори за Ковид-19 достапни на страната на Бирото за јавни набавки,
беше констатирано дека РС Македонија не го исполнува основниот предуслов за
користење на ФСЕУ“, стои во соопштението од Влада.