Радовиш

Во тек е акцијата на ЈП Плаваја за кастрење и сечење на ризични високостеблести дрвја во Радовиш

Во тек е акцијата ЈП Плаваја за кастрење и сечење на високостеблести дрвја, пред  зградите, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, позади полициската станица во Радовиш. ЈП Плаваја акцијата ја започна од неделата, постапувајќи по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.  Според градоначалникот Герасим Конзулов кој денеска беше на местото каде што се спроведува акцијата, станува збор за кастрење и сечење на ризични високостеблести дрвја,  по барање на граѓаните кои што живеат во станбените згради и по проценка на инспекциските служби.

За дополнително доурдување на овој простор општината ќе соработува со граѓаните кои што живеат во зградите, се со цел за поубаво уреден парк пред овие станбени згради. Ќе се направат напори и да се обнови фасадата на самите згради.

Градоначалникот Конзулов се надева дека овие дрвја повторно ќе  ја обноват својота вегетација, но ќе се настојува да бидат уредени, а не диво разгранети и во висина на зградите. Тој заедно со раководителот на секторот за урбанизам Кирчо Сусинов и директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстевм изврши увид на работните активности.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago