Македонија

На барање на премиерот Заев Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Собранието вчера изгласа доверба за Владата со мнозинство од 62 пратеници на барање на  премиерот Зоран Заев. Тој се повика на член 93 став 1 од Уставот кој што вели Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело тоа толку многу најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот кога ќе им покажеме на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата. Ова е моментот да видиме за што всушност станува збор, за стабилна власт со стабилно парламентарно мнозинство или за разнишана опозиција. Мора да е едното од двете, ако не и двете заедно“, истакна претседателот на Владата Заев во барањето да се гласа за доверба на Владата.

Примерот Заев нагласи дека заедно со сите обиди за опструкции и блокади од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести и дезинформации за некакво ново непостоечко мнозинство, за некоја нова нестабилност и дека тоа се прави само поради внатрепартиски цели во ВМРО-ДПМНЕ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago