Македонија

Усвоен Протоколот кој има за цел безбедно попишување на населението

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија започна на 1 март со попишување на затворениците, бездомниците и на дијаспората. Портпаролите на Владата  Арсовски и Хоџа на прес конференција упатија апел до дијаспората активно да земе учество во овој процес, кој е предвидено да трае од 1 март до 21 април 2021 година.
 
Во контекст на процесот на попишување на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата го усвоила Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година кој ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на КОВИД-19.
 
Портпаролот Хоџа наведе дека овој протокол има за цел безбедно попишување на населението, и од аспект на попишувачите и од аспект на граѓаните.
„На вчерашната седница усвоен е посебниот протокол за спроведување на Пописот и посебен протокол за тие лица кои во моментот на попишување се позитивни на КОВИД-19, тоа значи превентивни мерки и за лица кои го извршуваат пописот – попишувачите и за лицата кои истовремено се попишуваат. Посебниот протокол ќе се спроведе во целата постапка на спроведување на пописот“, истакна Хоџа.

Државниот завод за статистика објави дополнителен јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија во периодот 1 до 21 април во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори.

„Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10 процент повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи“, се вели во конкурсот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago