Донација од над 1.200 парчиња автоматски пушки М-4 на Армијата на Република Северна Македонија од Соединетите Американски Држави.
Со оваа количина, освен специјалните сили кои и досега ги користеа, автоматските пушки М-4 ќе бидат дел и од вооружувањето на нашата лесна пешадија која е и наша НАТО единица која се подготвува за претстојното НАТО оценување кон почетокот на 2022 година.
„Станува збор за дел од поголем проект кој што го финансира Владата на САД и кој што ја помага модернизацијата и опремувањето на нашите армиски сили. Со овој дел на опрема практично обезбедуваме над 1.200 М-4 автоматски пушки со калибар 5.56, кој што е стандард на НАТО земјите – членки“, рече министерката Радмила Шекеринска на вчерашното примопредавање на донацијата на кое присуствуваше и амбасадорката на САД во земјата, Кејт Мари Брнз.
Министерката порача дека за модернизацијата на армиските капацитети се издоени значителни суми од одбранбениот буџет и дека е тоа успех бидејќи значи дека процесот се одвива континуирано. „Оваа година за прв пат успеавме да обезбедиме не само зголемување на одбранбениот буџет, туку и зголемување на процентот што ќе оди кон опремување и модернизација при што наместо бараните над 20 проценти ние обезбедивме 25 проценти за модернизација и опремување.