Од денес започнува пописот, за првпат се попишува и дијаспората
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на
заедничка Прес конференција со Директорот на Државниот завод за статистика,
Апостол Симoвски ги претставија подготовките за старт на најважната статистичка
операција за земјава- ПОПИСОТ 2021.
Од 1 до 15 март, сите вработени во Дипломатско – конзуларните
претставништва, вклучувајќи ги тука и нивните семејства, ќе можат да се
само-попишат, или самостојно да се регистрираат, преку он-лајн апликацијата
изготвена од Државниот завод за статистика, за што на веб страната на
Министерството за надворешни работи веќе се поставени соодветни линкови.
Попишувањето е лесно, едноставно и брзо, достапно на осум јазици, меѓу кои и
македонски, албански и англиски, за што на Прес конференцијата беа презентирани
посебни видео – туторијали, односно упатства, кои на едноставен и разбирлив
начин ја опишуваат целата постапка.
Во
исто време, процесот започнува и за сите наши државјани кои се наоѓаат во
странство, односно нашата дијаспора, кои во далеку подолг период, од 1 март се
до 21 април, или во следните 50 дена, на ист начин, со едноставно пристапување
до апликацијата, ќе можат да го остварат ова право и граѓанска обврска.
Во таа насока Османи нагласи, дека улогата на нашата дипломатска мрежа ќе биде да ги
идентификува сите можни канали на комуникација, и преку засилени промотивна
активност, да ги распространи информациите за овој процес до секој макеонски државјанин кој живее и работи во
странство. Оваа активност, ќе се проведува во следните 50
дена.