ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
ОО на Црвен Крст од Радовиш започнува
проект за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, финансиран од австрискиот и од швајцарскиот
црвен крст. Со цел запознавање со проектот денеска беше одржан состанок во
просториите на Општина Радовиш, а во организација на Црвен крст од Радовиш.
На истиот присуствуваа градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, реководителот на центарот за социјални работи од Радовиш и претставници од здруженијата на слепи лица и лица со телесен инвалидитет Мобилност.
На состанокот секретарот на Црвен крст Верица Беќарова, ги запозна присутните за самата идеја и целта на проектот, и ги повика заинтересираните лица да аплицираат и да се вклучат во обуката за негувател, но и да и помогнат на оние на кои им е потребно.
Проектот ќе се спроведува во соработка со ОО на црвен крст од Струмица. Секретар на ОО на Црвен Крст од Струмица Маријана Тошева појасни околу самиот проект и колку обучени лица во регионот, во моментот се ангажирани да им им даваат услуга на слепите и лица со попреченост.
Користењето на ваквите услуги е целосно
бесплатно за корисникот и се покрива од Центарот за соијална работа. Ќе
постојат два основни вида на помош, асистенција на слепи лица и лица со телесен инвалидитет до 65 години и
негуватели.
Социјалниот работник при ОО на црвен крст
струмица и координатор на обуки рече дека досега се спроведени две успешни
обуки.
Двајцата градоначалници дадоа поддршка на ваквиот
проект и се ставија на располагање на црвениот крст.
Конкурсот е веќе објавен и можат да аплицираат лица над 18 години најдоцна до 01 март, потоа ќе бидат повикани на индивидуално интервју на 04 март во просториите на ОО на црвен крст во Радовиш.
Поддршка на проектот даде и раководителот
на ЦСР во Радовиш Драги Димитриев, кој рече дека досега многупати имале барања до
центарот, за пружење на ваков вид на услуга.