Македонија

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Pретседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, г-ѓа Гордана Кожуваровска. Министерот Спасовски, изрази задоволство од досегашната соработка со РСБСП, а г-ѓа Кожуваровска потенцира дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет.

Статистиките покажуваат дека во 2020 година е евидентно намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во сообраќајни незгоди, а овие трендови се уште повидливи во јануари 2021 година.  Во јануари 2021 има намалување на жртвите од сообраќајни незгоди за 56 отсто, споредено со јануари минатата година. Во јануари оваа година има четири жртви, а во јануари 2020 година имало девет жртви.

Вкупниот број на сообраќајни незгоди пак во јануари е намален за 19 отсто. 2020 година пак е година со најмал број на жртви во историјата- 125 и доколку се направи анализа евидентно е дека од 2017 година оваа бројка постојано се намалува.

За таа цел се договорени низа превентивни кампањи кои треба да стартуваат од наредниот месец.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago