Македонија

Заев: Сашо Мијалков немаше друг избор освен да се пријави и да си го земе решението за притвор

Премиерот Зоран Заев, придружен од министерот за внатрешни  работи, Оливер Спасовски, и министерот за правда, Бојан Маричиќ, одржа прес-конференција на која ги соопшти деталите од акцијата после која осомничениот во предметот „Таргет-тврдина“, Сашо Мијалков, беше принуден да замине во Обвинителството за организиран криминал за да го подигне решението за притвор.

„Правдата е обезбедена, и ќе ја има и повеќе и почесто! И ќе следува ваков одговор на институциите секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата“, рече на почетокот Заев.

„Во изминатите 40 часа институциите на Владата предводени од мене, во координација со правосудните органи, спроведовме акција со детални постапки. Беа преземени сите редовни и вонредни мерки.

Со акцијата координирав јас и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција. Се пријави во Обвинителството за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор.

Брзата мобилизација и координацијата помеѓу сите институции со сите активности дадоа резултат и ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата.

Сакам да истакнам дека за овој значаен успех дадоа придонес и надлежните министерства и надлежните агенции, судот и јавното обвинителство. Како резултат на тоа, беа избегнати нови потенцијални ризици. И успеавме во тоа. Им благодарам на сите институции и на сите претставници на тие институции.

Секако, Обвинителството и Судот, неговото пријавување во Обвинителството никако не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој, ниту за било кој друг случај.

Затоа што не треба да се заборави дека Мијалков првично избега, односно не беше достапен до правосудните и органите на полицијата.
Исто така, останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражат пропустите поради кои се случи бегството, за што секако ќе следи одговорност.

Почитувани граѓани, јас, Зоран Заев, ве гледам во очи и ви докажувам – компромиси за правдата нема и нема да има, ако си грешел ќе одговараш!“ рече Заев на одржаната прес – конференција.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago