Радовиш

Ракометарките од ЖРК „Радовиш“ по 15 години се собраа во Спортската сала каде некогаш тренираа и се натпреваруваа

По 15 години ракометарките од женскиот ракометен клуб РК „Радовиш“ се собраа во Спортската сала 25 мај  во Радовиш, каде некогаш трениерале. Десетина  ракометарки веднаш се впуштија во игра како и да немале долгогодишна пауза. Кондицијата намалена но теренот познат.  Возбудени со измешани чувства тие повторно  ја зедоа топката  в раце и шутираа кон голот. Средбата беше на заедничка иницијатива а организатор беше Наташа Чапова, капитен во ЖРК „Радовиш“ со цел да се потсетат на некогашните убави времиња кога блежеле успеси.

Нивниот тренер Живко Андонов со нескриени чувства  од средбата со некогашните ракометарки, вели дека повторно треба да се обнови женскиот ракомет во Радовиш.

„Кај нив веднаш се врати чувството за игра и тие се исти како и порано.  Веднаш го покажуваат тоа што го научиле. Би сакал во Радовиш повторно да има ваков ракометен клуб, бидејќи Радовиш има потенцијал“, вели Андонов.

Со нескриени емоции се сеќава и една од најдобрите ракометарки во клубот Ирена ПоповскаТушев, Ракометарките и нивниот тренер се надеваат дека можеби повторно ќе заиграт некогаш во полн состав.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago