Нови технички насоки за квалитетно образование. Ќе се проширува програмата на средното училиште „Коста Сусинов“ со три нови насоки
Образовната понуда на
средните стручни училишта да се прилагоди на потребите на реалниот сектор и
потребите на пазарот на трудот е главната порака од одржаната трибина: “Учи
паметно, работи стручно,”која се одржа во Струмица,
се спроведува со
поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Министерството за образование и наука.
На трибината
во Струмица, со присутво на премиерот Зоран Заев придружуван од министерката за
образование и наука Мила Царовска, амбасадорката на Швајцарија Сибел Сутел, присуствуваа и градоначалникот на
Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски и бројни
претставници на бизнис секторот и средните стручни училишта.
„Реформите
во средното образование треба да обезбедат квалитетни наставни содржини за
младите луѓе и стручен кадар за бизнис секторот. За таа цел, планираме да ја
прошириме програмата на средното училиште „Коста Сусинов“ со воведување на три
нови насоки: „Рударско-геолошки техничар, Електро-техничар за индустриски
потреби и Машински техничар.“
Верувам дека новите
образовни профили ќе донесат дополнителна мотивација кај учениците за
стекнување со средно стручно образование и создавање на квалитетни кадри за
интеграција во локалната економија“, вели
Градоначалникот Конзулов во однос на одржаната трибина.