Македонија

Пратениците од Левица бараат ЈАВНА РАСПРАВА за Законот за лични карти

„Ја известуваме јавноста, дека денес, 19 февруари 2021, пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците – Соња Мираковска, како и до претседателот на Собранието – Талат Џафери, поднесоа писмено Барање за одржување ЈАВНА РАСПРАВА и спроведување на јавна дискусија за сензитивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта – по скратена постапка, поднесена од пратениците на Беса и АА.

Како единствени пратеници во Собранието кои со поднесување амандмани на овој контроверзен закон го стопиравме процесот на негово донесување, сметаме дека итна јавна расправа е неминовна. Во спротивно, овој закон се заканува да предизвика етничка дискриминација, поткопувајќи го уставниот концепт на Републиката.

Исто така, сметаме дека на претстојната јавна расправа, соодветно треба да бидат поканети претставници на невладини организиации, кои се бават со човекови права, стручњаци од пракса, професори по меѓународно право за правата на човекот, граѓански активисти, експерти и други општествени чинители – како би можеле истите, со свои професионални мислења и ставови, ефикасно да придонесат за разјаснување на отворените дилеми во јавноста и за евентуално подобрување на предложениот законски текст“, стои во соопштението од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago