Од потпишувањето на меморандумот за соработка со „Мастеркард“ од пред една година, денеска се одржа работна средба на којашто беше презентирано решението за дигитална идентификација на граѓаните на Република Северна Македонија.
Со оваа можност, правиме голем и важен чекор во дигитализацијата на нашиот сопствен идентитет што е предуслов за многу безбедни мрежни услуги во земјата и во светот. Имено, документите што ќе бидат потпишани преку оваа апликација ќе бидат признати не само во нашата земја, но во сите земји во Европа и каде и да се продава услугата електронска лична карта на „Мастеркард“. Решението развиено од „Мастеркард“ може да го користат институциите, но и деловните субјекти кои сакаат да ги користат придобивките од технологијата, да воведат дигитализација на нивните процеси и да ги заменат хартијата и пенкалото со електронски документи, електронски потпис и одобрување преку паметни телефони. Дигиталната идентификација ќе овозможи секој процес или постапка што бара потпис и лично присуство да се направи од дома, од работа или каде било преку мобилни телефони“, рече премиерот Заев.
Ова е прва услуга за електронска идентификација на граѓаните и ќе биде достапна веќе на крајот на април месец. Ова значи дека за услугите за кои до сега граѓаните мораа со физичко присуство да го потврдат својот идентитет тоа ќе можат да го прават од својот компјутер, лаптоп или мобилен телефон.