Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства, и Државниот инспекторат за животна средина, спроведоа вкупно 5.228 контроли и надзори во целата држава.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат, спроведени се 3.437 контроли и 812 надзори и изречени 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради
непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 132 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. Дополнително ДЗСИ издаде и 4.414 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.
Државниот инспекторат за труд, изврши 415 контроли за почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места, при тоа изречени се 14 решенија и 12 платни налози, поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, и поради неносење на заштитна маска на работно место.