Премиерот Заев изрази задоволство што заедно низ дијалог со средношколците се изнајде компромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа, истакна дека како дел од ова решение влезе и заедничката согласност матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29-ти мај како што беше предвидено, да започне од 5-ти јуни.
„Со Сојузот на средношколци се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен. Вака, ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните или странски престижни универзитети, бидејќи повторно ќе има четири предмети неопходни за упис на универзитетски студии“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната заедничка изјава со Бленди Ходаи претседател на Сојузот на средношколци.
Претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи им честиташе на своите врсници за постигнатото решение, за единството и успешното постигнување на компромис кој ги задоволува барањата на средношколците, не го нарушува системот, а сепак ги штити интересите на сите ученици.
Сите прифатени барања на матурантите и владата може да се видат на следниот линк.