Македонија

Филипче нема да биде меѓу првите кои ќе се вакцинираат, имаат предност вработените од ковид центрите

Стартувајќи од утре во модуларната болница во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите, извести Министерството за здравство .

Како што е наведено во соопштението, најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници од Инфективната клиника, со донираните вакцини од Србија.

„Од среда 17.02.2021 година во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ќе започне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што најавија властите, поголема доза на вакцини се очекува кон крајот на месецов, со што ќе бидат вакцинирани најпрво останатите медицински работници кои работат со ковид пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека тој нема да биде меѓу првите кои ќе се вакцинираат. „Колегите од Ковид центрите кои се во прва линија во битката со пандемијата имаат предност за вакцинација“, вели Филипче. Според најавите Министерот за здравство ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини.

Во Македонија пристигнаа првите 4.680 дози вакцини, од предвидените 8000 дози, а според најавите со нив ќе се вакцинираат здравствените работници.

Инаку во последните 24 часа од направените 755 тестирања, регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19. Починати се 9 лица, 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови. Регистрирани се 308 оздравени пациенти

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago