Македонија

ДЗС: Зголемување на индексите на трошоци за живот на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на претходниот месец e намален за 0.2% додека кај цените на мало нема промени/

„Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 1.6 %, виното за 0.5 %, месото за 0.4 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0.3 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2%.“ – стои во соопштението од ДСЗ

Исто така, според Државниот завод за статистика, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2.7 %, течните горива за домаќинствата за 1.9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 1.1 %, обувките за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago