Лозарите од Радовиш го направија обичајот во чест на Свети Трифун, заштитник на лозарите и овоштарите
Православните христијани денеска го слават Свети Трифун празник главно познат по обредното закројување на лозјата и заштитник на лозарите и градинарите.
И денеска покрај снегот кој ја зафати државата сепак лозарите од Радовиш не се поколебаа и отидоа на најблиските ниви да закројат. Овој обичај во Радовиш и радовишко посебно се негува меѓу лозарите и овоштарите и се верува дека Свети Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест закројувале и се помолувале за побогат род.
Светиот маченик Трифун е Роден во 225 година во
селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на
гуски. И уште од детството врз него била голема
Божја благодат и можел да
исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.
За неговите чуда се раскажувало во целата
империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време
го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна
болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент
нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун.
Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од
Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште
поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги
разделило на сиромасите.
Свети Трифун со
маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на
христијаните. Му
било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви.
Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен.
Бидејќи ниедна мака не му нашкодила, мачителите
му ја отсекле главата со меч. Пред смртта Трифун му се помолил на Бога и
умрел во 250 година.
Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото
родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот
посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како
исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец.
Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во
црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се
смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита
моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и
обредното закројување.
На свето Трифун во поселдно време се помасовно се
прославува и Свети Валентин, посебно меѓи младите. Но од цркават велат дека тој е Ромокатолочки празник.