Македонија

Шахпаска: Искуството и вештините од обуките на Националниот демократски институт за меѓународни работи е драгоцено

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работен состанок со претставничките на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), за нашата држава.

Денешниот состанок беше во насока на запознавање со новата 32 – месечна програма WoMen Lead поддржана од Шведската меѓународна  агенција за развој  и соработка  (SIDA), потпирајќи се на глобалната експертиза и експертизата во земјата за политичкото учество на жените.

Програмата има за цел нивно јакнење на жените  за да се намалат индивидуалните, социо-културолошките и институционалните бариери за политичкото учество на жените во Северна Македонија.

„Зад нас е Законот за абортус, кои сериозно решава големи женски прашања,  ратификацијата на Истанбулската конвенција,една сериозна придобивка за нас како држава, Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој после битка од три години  го виде светлото на денот, кое е пресликување на една од обврските од Акцискиот план за имплементација на Истанбулската конвенција, Законот за мобинг, на кој работи работната група на Секторот за еднакви можности на МТСП,  Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, клучни Закони зад кои стои Министерството за труд и социјална политика,“ истакна министерката за труд и социјална политика, Шахпаска.

Министерката Шахпаска го поздрави и активното вклучување на а мажите во обуките кои ќе се реализираат периодот кој следува, како одлична можност за градење на родова еднаквост во општеството.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago