Македонија

Трајанов: АПСУРД е во личната карта да стои етничката припадност

Демократскиот сојуз со соопштение до јавноста во кое ја пренесува изјавата на пратеникот и претседател на партијата Павле Трајанов во врска со предлог измените на Законот за лична карта.

„Предложените измени на Законот за лична карта, со кои се предвидува покрај другите податоци (име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број, државјанство и сл.), да биде впишана и етничката припадност, се против граѓанскиот концепт на државата, можат да предизвикаат дискриминација на граѓаните и да ги повредат нивните индивидуални и колективни права.

Така, на пример, при идентификација со лична карта во банка, суд, полиција или во друга државна или јавна институција, се презентира и етничката припадност, Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак (народите наведени во Уставот на РСМ, но и други етникуми), што навидум е право на определба на граѓаните, но во суштина значи нагласување на етничката припадност, односно можност за поделба по етничка основа и различен третман, како и поларизација и дискриминација. Во иднина некој може да побара во личната карта да се впише и религиската определба, како и други карактеристики и обележја за секој поединец или колективитет, чие изложување може сериозно да ги наруши приватните и колективните права на граѓаните. Во предлог законот нема компаративни податоци и анализи, нема образложение зошто се предлага ваква измена.

Овој податок што ќе се внесува во личната карта ќе значи и можност за пребројување по етничка припадност и по тој основ ќе има можност за поделби, затворање во етнички гета, нарушување на еднаквоста пред законите и институциите, расправии, нетрпеливост, омраза, па дури и физички пресметки.

Без разлика што сите партии застапени во Собранието досега немаа забелешки (некои еуфорично ги прифаќаат измените), сугерирам уште еднаш да се преиспитаат овие измени кои треба да се вградат во документ за идентификација, во кој воопшто не се важни податоците за етничката припадност, освен ако не се „предвидува“ во иднина стекнување предност и права поврзани со етничката припадност. На пример, ако возиш над дозволената брзина, а, да речеме, си Французин, ќе добиеш казна од 200 евра, додека ако си Турчин – 500 евра!? Тоа го посочувам за да се види апсурдноста на овие промени кои пратениците наскоро ќе ги гласаат“, вели Трајанов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago