Македонија

Превозниците можат да аплицираат, Министерството за транспорт и врски стави на располагање вкупно 62 280 транспортни дозволи

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ја промени Уредбата за начинот за распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународниот превоз на стока.

Со промената на Уредбата, а поради Ковид состојбата,  се менува периодот на издавање на ЕКМТ дозволите со што превозниците веќе можат да аплицираат за поединечните и месечните ЕКМТ дозволи за меѓународен транспорт на стока, информират од Министерството за транспорт и врски.  

„Со тоа, на превозниците им се ставаат на располагање сите видови на дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски како би ја олесниле нивната секојдневна работа и тоа:

–         60 000 поединечни дозволи 

–         2280 месечни  дозволи

Би сакале да потенцираме дека промената на Уредбата е направена во согласност со барањата на Здруженијата и Асоцијациите на транспортери во РС Македонија.

Со промена на Уредбата се прецизираат и критериумите со кои превозниците ќе имаат доволно дозволи за покривање на сопствениот возен парк со рационално искористување на истите, а со цел да се обезбеди континуитет во дистрибуцијата на квотата на дозволи на Министерството за транспорт и врски“, соопштуваат од Министерството.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago