До крајот на вчерашниот ден над 25 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација на „Vakcinacija.mk“ соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Секој граѓанин кој ја пополнува формата за аплицирање искажуваат само интерес за вакцинација и се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“. Ова не значи дека лицето закажало и термин. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем „Мој Термин” согласно фазите кои ги содржи стратегијата за КОВИД вакцинација, додава Филипче
Филипче потенцира
дека има два механизми
за вакцинација.
Првиот е преку матичниот
лекар кој ја испитува
волјата на пациентот,
а вториот е преку веб-страницата
„Vakcinacija.mk“, кој со внесување на матичниот број на
граѓанинот го наоѓа неговото електронско досие во системот Мој Термин според
алгоритмот на возраст, хронични болести итн. Со тоа се прави список за известување
кон матичните
лекари, а тие треба да ги известат
и прашаат своите пациенти
за вакцинирање.
Низ разговор
треба да направат
мини анамнеза
за да ја знаат моменталната
здравствена
состојба
на граѓанинот.
Улогата на матичните
лекари е многу важна и го вреднуваме
нивниот труд и работа.
„Генералното
правило за имунизација
е дека за колективен
имунитет
60 до 70%
од населението
треба да се вакцинира.
Со ова, може да се смени сликата со КОВИД-19.
Во однос на реакциите
по вакцинацијата,
досега нема публикации
кои укажуваат
на нешто невообичаено
во споредба
со другите вакцини. Станува збор за прилично
сигурен начин и развој на вакцини. Тоа што засега се знае е дека вакцината
штити од инфекција
за период од 6 до 9 месеци“, вели филипче.