Доколку Предлог законот за изменување и дополнување на
Законот за работните односи, кој се однесува на промена во делот на престанокот
на договорот за вработување врз основа на возраст односно пензионирање бил усвоен пред нова година министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека до крајот на годината би заминале во пензија
6000 граѓани.
Таа посочи дека законот предвидува
одење во пензија на 64 години и 15 години стаж. Како и дека жените сепак можат
да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја, согласно
Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Таа потенцираше дека во
пакет со Законот за работни односи оди и Законот за административни работници,
кој предвидува одење во пензија на 64 години, потоа Законот за здравствена
заштита и Законот за високо образование каде е предвидено продолжување до
67 години, доколку претставуваат дефицитарен кадар. Во однос на приватниот
сектор, министерката посочи дека во овој случај станува збор за меѓусебен
договор на работодавачот и работникот.
„Анализите на
Министерството за труд и социјална политика се дека, доколку Законот беше
усвоен пред Нова Година тогаш 4000 работници постари од 64 години ќе одеа во
пензија, а 2021 година дополнително уште 2000, што значи до крајот на годината
би заминале во пензија 6000 граѓани, потенцираше министерката зборувајќи дека
за кондицијата на пензискиот систем нема дилема како и дека ова законско
решение нема да има финансиски импликации , со тоа што пензискиот систем по
нормален тек ќе ги апсорбира лицата кои се пензионираат.