Веб-страницата www.vakcinacija.mk од вчера е пуштена во употреба.
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека за само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани! Денеска веќе имало пријавени околу 20 000 граѓани.
Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“.
Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.
Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Македонија.
„Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот“, објави Филипче на Фејсбук.
Линк до веб-страницата: https://vakcinacija.mk/