Македонија

УЈП и Државниот инспекторат за труд со заеднички контроли кај работодавачи што не исплатиле плати

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд со заедничките контроли врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати и истите не ја префрлиле на сметката на работниците за исплата на плати.

„УЈП изврши контроли кај 60 даночни обврзници од дејностите : подготовка на оброци и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво итн“, рече директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес конференција.

Од спроведените контроли УЈП утврдила дека кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци, кај седум даночни обврзници е намален бројот на вработени по месецот во кои е одобрена финансиска поддршка, од кои еден даночен обврзник веќе имал извршено враќање на добиената финансиска поддршка, кај двајца даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходот и по однос на намалување на вработените кое е поголемо од предвиденото во Уредбата и Законот.

Лукаревска посочи дека работодавачите имаат обврска согласно уредбата, т.е. законот да ги вратат добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на УЈП и/или ДИТ се утврди дека не ги исполниле пропишаните условите.

Работодавачот – корисник на финансиска поддршка кој дал Изјава за исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка, а не ги исполнил условите, ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик.

 Управата за јавни приходи соработува со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување на кривична постапка.

Директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска рече дека биле спроведени 74 надзори кај исто толку правни субјекти, а надзори спровеле и во десет текстилни фабрики. Предмет на надзорите на ДИТ било тоа дали работодавачите им исплатиле плата и придонеси од плата на работниците (согласно чл.109 од Законот за работни односи) и дали исплатената плата е во износ на утврдената минимална плата утврдена со закон и утврдената основна плата во договорите за вработување.

Тренчевска посочи дека неправилности имало кај 41 работодавач, за што се донесени решенија со опомена-работодавачите да ги отстранат утврдените неправилности. Овие неправилности се однесуваа на неисплатена плата и придонеси од плата на работниците во рокот утврден во Закон за работни односи (најдоцна по истекот на 15 дена) како и доплата на плата до износот на минималната плата кај оние работодавачи кои исплатиле плата во износ понизок од утврдената минимална плата, утврдена со Законот за минимална плата (14.943,00 денари).

По спроведените 17 контролни инспекциски надзори се утврди дека десет работодавачи постапиле по донесените решенија и ја отстраниле неправилноста, односно им исплатиле плата на работниците, шест работодавачи не постапиле по решението за опомена за што е изречена инспекциска мерка – решение со наредба согласно одредбите од ЗРО и даден е рок за постапување, а кај еден работодавач кој не постапил по решението со наредба изречена е глоба и издаден прекршочен платен налог ( микро правен субјект до десет вработени 200 евра за одговорното правно лице и 150 за одговорното лице во правното лице).

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago