Економија

Народна банка ќе ја задржи основната каматна стапка од 1,5 проценти

Одржана е редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На оваа седница беше одлучено каматната стапка да се задржи на нивото од 1,5%, со што монетарната политика го задржа релаксираниот карактер. Намалувањето на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи во изминатата година придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата.

„Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2020 година изнесува 1,2%, што е во согласност со проектираната стапка согласно со последната проекција на Народната банка. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона, со динамика на промена во 2020 година којашто е подобра од очекуваната согласно со последните проекции. Имено, наместо пад, девизните резерви остварија раст. Податоците за надворешнотрговската размена за целата 2020 година упатуваат на стеснување на трговскиот дефицит и се во согласност со последните проекции.“ – стои во соопштението од НБРМ

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago