Општина Радовиш објави јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општината на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год.
Потребни
документи за поднесување се:
–
Програма за работа со финансиски план за 2021 година (усвоен од Управен одбор)
;
–
Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во
текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор) ;
–
Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);
Забелешка:
Спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра
дополнително да достават копија од завршна сметка (до крај на м. Март 2021 г.)
–
Решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или Потврда од федерација
(копија);
–
Копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М.;
–
Потврда за отворена и активна жиро сметка.
Период
за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на
јавниот конкурс, заклучно со 17.02.2021 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш. Со назнака : За јавен конкурс бр.
Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.