Советникот на ПДТ Јашар Сулејман го напушта актуелното мнозинство на советничката група при Советот во општина Радовиш
„Партијата за Движење на Турците (ТХП) одлучи на локално ниво во општина Радовиш да го напушти владеaчкото мнозинство, така што од денес советникот на ТХП Јашар Сулејман ќе делува надвор од советничката група на актуелното мнозинство“, стои во соопштението од партијата за Движење на Турците (ТХП) .
„Ваквата
одлука е резултат на крајно деградирачкиот однос и бројните закани на
градоначалникот на општина Радовиш и локалните “шерифи” кон турската заедница.
Турската заедница како и сите други има потреба од инфраструктура, и со години
турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од
концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го
“срушат” тој концепт.
ТХП
силно верува во вредностите на едно општество за сите и во изминатиот период
јасно се спротивстави на политиките кои не го почитуваа истиот.
Исто
така нема да дозволиме да се појават нови форми на рушење на мултиетничките и
културни односи. Убедени сме дека секој подеднакво заслужува место во ова наше
поднебје.
Во
иднина упорно и без никакви калкулации ќе продолжиме да делуваме за еднакви
можности на сите граѓани на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението
од општинска организација на ТХП Радовиш.
Инаку официјалното соопштение од ПДТ не е потпишано од никого.