Македонија

Од вечерва бензините поскапуваат за денар и пол, дизелот и екстра-лесното масло за денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 % во однос на Одлуката од 1.2.2021 година.

„Цените на двата референтни типа нафта на светските берзи изминатата недела го достигнаа највисокото ниво во последната година, а причина за тоа е падот на залихите на „црното злато“ и на бензинските фракции во САД. Исто така фактор кој влијаше на растот на берзанските цени на нафтата се и надежите кај трговците дека ќе отпочне закрепнување на економиите и пораст на побарувачката од нафта при намалена понуда на нафта на пазарите, а сето тоа базирано на прогнозата на ОПЕК за проектиран дефицит во понудите со нафта на пазарите оваа година.

Освен што минатата недела берзанските цени на сите нафтените деривати бележат раст, дополнително раст регистрира и денарот во однос на доларот. Имунизацијата и сите претходно наведени фактори укажуваат дека на пазарот со нафтени деривати е отпочнат процесот на стабилизација.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг и сега ќе изнесува 32,884 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 70,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,243 (денари/килограм)

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago