Владата донесе одлука за набавка на 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм. Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот и реализира плаќањето, а вакцината се очекува да пристигне во текот на февруари.
Согласно овие колични кои се значително повеќе од првичните
предвидени, ревидиран е Националниот оперативен план за вакцинација кој тековно
ќе се ажурира.
„Согласно планот во првата фаза се вакцинираат: здравствени
работници кои директно работат со ковид пациенти и од службите за итни
состојби, од клиничките болници, јавни и приватни, од посебните институциите
како домовите за стари лица, домови за лица со посебни потреби, матични лекари
и друг здравствен персонал вработен во матичните ординации, вработени во
лаборатории за тестирање и дијагностика, јавни и приватни, здравствените
работници, кои ќе ја спроведуваат вакцинацијата“, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Во
првата фаза, можност за вакцинација добиваат и сите граѓани над 70 години.
„Во втората фаза, се вакцинираат: лица постари од 65 години,
лица од 18 до 64 години, со коморбидитети или здравствени состојби
детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест.
Здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, здравствени работници фармацевти, стоматолози
и друг здравствен персонал, вработени во витални институции како полиција,
војска, парламент, Влада, новинари и сл. Вработени во образовни институции и
градинки со предност на оние кои одат со физичко присуство на работа.
И во третата фаза се
вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: Вработени во други важни
дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена и
тн. Вработени во банкарски сектор, земјоделие и тн. Останати вработени во образование
и во здравство со низок ризик на зараза. Лицата кои не може да одржуваат
физичка дистанца (затвореници, студенти од домови, и сл). И на крајот, сите
граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години“, рече
Филипче.
Дневно
е предвидено да се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани преку постоечката
здравствена мрежа и вакциналните пунктови. Со оваа количина во која имаме две
дози за вакцина и ревакцина ќе се вакцинираат 100.000 граѓани.
Закажувањето на вакцинацијата ќе оди преку системот Мој
Термин, како и преку онлајн апликација. Матичните лекари ќе добијат список од
Мој Термин во кој влегуваат сите пациенти над 70 години. Лекарот сите тие
пациенти ќе ги контактира поединечно преку телефон, за да ги праша дали сакаат
да се вакцинираат.
„Доколку лицето сака да се вакцинира, матичниот го
регистрира пациентот во Мој Термин и забележува на кој вакцинален пункт сака да
се вакцинира пациентот, пунктот пациентот го избира сам. Потоа, системот Мој
Термин ги закажува точниот датум и време за сите регистрирани пациенти, а
матичниот лекар повторно телефонски ги известува своите пациенти за закажаниот
термин“, рече Филипче.
Следната
недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за
вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават
преку истата, по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за
вакцинација.
За
секој граѓанин веднаш по апликација на првата доза, ќе биде резервирана и
втората што треба да ја прими. Вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен
сертификат за примената вакцина.
„Вакцинацијата во оваа фаза е наменета за групите граѓани кои се
јасно дефинирани во планот. Апелирам граѓаните во ризичните групи да се
вакцинираат во што поголем број како би се заштитле од ризик“, вели Флипче, притоа аплеирајќи дека и натаму треба да се
почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на
заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, кои заедно со
вакцинацијата ќе овозможат најдобра заштита од COVID19 и сузбивање на
пандемијата.